Американската амбасада во Камбоџа отпушти 32 вработени поради споделување на порнографски материјали во пораки на Фејсбук. Извори за „Ројтерс“ рекле дека во група на „месинџер“ на Фејсбук биле споделувани видеа и фотографии со порнографска содржина, на кои имало и малолетници под 18 години.
Некои од фотографиите биле видени од сопругата на вработен во амбасадата кој го пријавил случајот. Поголемиот дел од отпуштените вработени биле чувари и дел од административниот персонал.
Владата на Камбоџа засега не ги коментира отказите. Камбоџа, која сé уште излегува од деценискиот конфликт и сиромаштија, е позната по детската проституција, а неколку странци беа осудени и затворени за злоупотреба на децата во последниве години.