Системот за управување со цврст отпад пред Советот на Општина Росоман

Од:

Пред Советот на општина Росоман денеска беше презентиран Интегрираниот систем за управување со цврст отпад во Вардарски регион.

Како што рече Ана Каранфилова-Мазневска од Министерството за животна средина и просторно планирање, изработената планска документација е основа за обезбедување финансиски средства за воспоставување на системот.

Според Општината, ќе следат интензивни активности за затворање на дивите сметишта и изградба на објекти за соодветно складирање и претовар на отпадот.

– Изработени се повеќе студии и документи, регионални планови за управување со отпад, стратегиска оценка на животната средина, физибилити студии, анализи на трошоци, оценка на влијанието врз животната средина, помош при изработка на тендерска документација за договори за работа и набавки за изградба на избрани инсталации за третман и отстранување отпад, затворање нестандардни/диви депонии и набавка на опрема за собирање и претовар на отпадот во согласност со стандардите на ЕУ, информира прес-службата на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он

Осомничениот 27-годишен убиец од Росоман сам и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Убиство во Росоман, син си ја закла мајка си

Горан Наумовски

Филипче: Над 45 реализирани проекти во Росоман, поддршка за Стојан Николов за да продолжи напредокот

Горан Наумовски

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ