Екипата на Игокеа која се наоѓа на првото несто на табелата во АБА кошаркарската лига синоќа со 80:77 ја победи Црвена Звезда во дерби натпреварот од 18.коло.
Победа во оваа рунда оствари и македонскиот претставник во ова натпреварување. МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен по дополнителни пет минути го совлада Сплит со 93:84.
Резултати на другите четири три вчерашни дуели: Задар – Цибона 78:76, Шолнок – Раднички 66:78, Цедевита – Олимпија 73:67 и Партизан – Будуќност 63:50.
Колото ќе биде заокружено денеска со средбата Крка – Широки.
Табела: Игокеа 15-3 (победи-порази), Црвена Звезда 12-6, Партизан 12-6, Будуќност 10-8, Раднички 10-8, Цедевита 10-8, МЗТ Скопје Аеродром 10-8, Унион Олимпија 9-9, Крка 7-10, Задар 7-11, Сплит 7-11, Широки 6-11, Цибона 6-12 и Шолнок 4-14.