Новата пречистителна станица во Гевгелија ставена во пробна работа

Од:

Техничко-еколошкиот профил на новата пречистителна станица во Гевгелија, вредна околу девет милиони евра, за време на нејзиното пробно работење покажа достигнување на потребното ниво на прочистување на водата со помала потрошувачка на енергија од претпоставената, велат вработените и претставниците на Консултантскиот тим.

Работата на станицата веќе обезбедува испуштање на пречистена вода на самата граница кон Грција, а цврстиот остаток во вид на згусната тиња, според консултантите, ќе се употребува за прекривање на површините каде во минатото се вршело депонирање на цврст отпад и за изѓубрување на селектирани површини.

Во рамки на станицата работи лабораторија која ги анализира примероците на испуштена вода и систем за континуирано следење кој овозможува во секое време да се отчитува дотокот на отпадни води и работењето на инсталираната опрема.

Градежните објекти на станицата во Гевгелија и нејзината локација, овозможуваат нејзино натамошно напредно работење во режим на терцијален третман кој ќе биде потребен кога Република Македонија ќе стане полноправен член на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно