Советот на Град Скопје едногласно одобри субвенции за купување на нови велосипеди

Од:

Скопјани и оваа година ќе добијат субвенции за набавка на велосипеди. Советот на Град Скопје на денешната седница донесе Одлука за определување максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓаните за купување велосипеди за 2018 година.

Со оваа одлука е предвидено максималниот износ за поединечна субвенција за купување велосипед по лице да биде 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

Новитет во јавниот повик за набавка на велосипеди за 2018 година, што е во фаза на подготовка, е тоа што оваа година Градот Скопје ќе субвенционира набавка на рачни велосипеди (велосипед на рачен погон), како и рачни велосипеди со електрични помагала за лица со посебни потреби. Градот Скопје ќе субвенционира
50% од вредноста на рачниот велосипед и рачниот велосипед со електрично помагало за лица со посебни потреби, но не повеќе од 90.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

За 2018 година Градот Скопје ќе издвои 10 милиони денари за субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди, од кои 9 милиони денари ќе бидат издвоени за субвенции за набавка на велосипеди, а 1 милион денари ќе бидат издвоени за субвенции за набавка на рачни велосипеди или рачни велосипеди со електрично помагало за лица со посебни потреби.

Ова е една од мерките на Градот Скопје за промоција на велосипедот како рекреативно и превозно средство, чие користење има многу придобивки: истото е финансиски достапно, економски исплатливо и еколошко превозно средство, придонесува за намалување на сообраќајниот метеж, како и за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција