(ВИДЕО) Рангелова до Царовска: Поднесете оставка не само фаци да ми правите

Од:

Прва од министрите за кои опозицијата побара оставка е министерката за труд и социјала Мила Царовска. Пратеничката Даниела Рангелова обвини за негрижа на Ромите, и побара одговорност од Царовска за злоупотребените малолетнички од домот 25 мај.

– Треба да си одите затоа што дозволивте три дечиња од „25 Мај“ да бидат силувани, а да не понесете лична одговорност. Како мирно ќе спиете кога им ги одземавте насмевките на тие дечиња. Гледам се смеете, убаво што се појавивте, но дали се смеат дечињата што беа силувани во „25 мај“. Какви фаци правите, не можете ни во градинка да одите, а не па да бидете министер“ рече Рангелова.

Рангелова од говорницата пушташе и снимки од мобилен за кои тврдеше дека се на лица заборавени од министерството за труд и социјала.

Министерката Царовска пак возврати дека наследила покраден и згмечен систем од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он