(ВИДЕО) Тевдовски и Танасоски: Реформи во Царина и релаксирање на казнената политика за подобра бизнис клима

Од:

Релаксирање на казнената политика и намалување на казните кај царината, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на денешното одбележување на Денот на Царинската управа на Република Македонија.

Во согласност со Прогрмата и приоритетите на Владата на Република Македонија, а со цел олеснување на условите на бизнис заедницата и во интерес на граѓаните, подготвени се законски измени за релаксирање на казнената политика.

– Во координација со Царинската управа се изврши сеопфатна анализа на казнената политика и се изготвија предлози за намалување на глобите, односно за нивно изрекување соодветно на тежината на сторениот прекршок, истакна министерот.

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски оцени дека ова ќе претставува правичност во системот на казнувањето.

Тој додаде дека еден од стратешките приоритети за Царината е подобрување и поедноставување на царинското законодавство, со цел олеснување на работата на малите и средните претпријатија и зголемување на конкуретноста и извозот.

– Еден од нашите важни приоритети во наредниот период ќе биде подобрувањето и елиминирањето на сите нетарифни бариери во царинското работење што ќе го реализираме преку новоформираниот Национален комитет за олеснување на трговијата. Досегашниот систем на издавање на дозволите, одобренијата и лиценците на граница ќе биде елиминиран. На граница ќе се издаваат само неопходните ветеринарни и фито дозволи според меѓународните стандарди, а сите други дозволи ќе се издаваат во внатрешноста. На тој начин значително ќе го забрзаме движењето на стоките преку граница, рече Танасоски.

Говорејќи за резултатите во минатата година, посочи дека наплатени се вкупно 1,27 милијарди евра, што е за 86 милиони евра односно 7,2 отсто повеќе од 2016 година, кога биле наплатени 1,19 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ