Jавна дебата во Кичево за Програмата за култура за 2018 година

Од:

Општина Кичево ќе спроведе јавна дебата со цел подготовка на Програмата за култура за 2018 година.

Претставниците на културните здруженија кои работат во Кичево, поединци од сферата на културата, писатели и други лица кои имаат конкретни идеи за развој и унапредување на културата се поканети да учествуваат на јавната дебата за да ги конкретизираат своите идеи кои ќе бидат вклучени во Програмата за култура за 2018 година.

– Членовите на Комисијата за распределба на средства за култура при општина Кичево ќе водат евиденција и ќе одговорат на поставените прашања, наведе претседателот на комисијата за култура во Советот на општина Кичево, Ибрахим Коча.

Јавната дебата ќе се одржи денеска во 16.00 часот, во просториите на Хотел „Кичево“ во Кичево.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија