Закерберг пред американскиот конгрес: Вработени во Фејсбук беа интервјуирани во врска со руското мешање во изборите

Од:

Основачот и извршен директор на компанијата Фејсбук, Марк Закерберг денеска се појави пред американскиот Конгрес поради скандалот со компанијата „Кембриџ Аналитика“, која користела податоци од социјалната мрежа за да влијае на изборите во САД.

Закерберг ќе одговара на прашања за скандалот кој ја потресе компанијата, откако беше откриено дека „Кембриџ Аналитика“ имале податоци за повеќе од 87 милиони корисници на Фејсбук.

Тој во неговото излагање кажа дека тимот на специјалниот советник Роберт Мјулер интервјуирал вработени во Фејсбук во врска со наводното руско мешање во изборите во САД во 2016 година. Зукерберг изјави дека неговите вработени разговарале со обвинителот, но не и тој лично.

Четириесет и четири сенатори ќе добијат по пет минути за испрашување на Закерберг. Сенаторот Џон Тјун, републиканскиот претседател на одборот за трговија, наука и технологија, го започна испрашувањето со прашања за бизнис моделот на Фејсбук – бесплатно користење во замена за лични податоци.

– Мој приоритет отсекогаш било нашата социјална мрежа да ги поврзува луѓето, да се изгради заедница и да се приближи светот, изјави Закерберг додавајќи дека огласувачите и разивавачите никогаш нема да ја преземат водечката улога се додека тој го води Фејсбук.

Сенаторот Бил Нелсон го испитуваше моделот на рекламирање на Фејсбук, како и користењето на лични информации за таргетирање на личности. Изгледаше вознемирено поради фактот што Фејсбул хипотетички наплаќа на корисниците за користење без реклами, но Закерберг истакна дека Фејсбук не нуди верзија која се плаќа и дека не планира да го воведува тоа. Тој доадде дека таквиот модел на маркетинг е во склад со нивната мисија бидејќи компанијата нуди услуги за бесплатно рекламирање.

Фејсбук се најде под голем притисок откако беше откриено дека податоци на милиони корисници биле злоупотребени во кампањата за претседателските избори во САД во 2016 година. Аферата е откриена откако Кристофер Вајл, кој помогнал во основањето на „Кембриџ Аналитика“ за „Гардијан“ изјави дека податоците на околу 87 милиони корисници на Фејсбук биле земени без нивно знаење и искористени во работата на компанијата за предизборната кампња на американскиот претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија