Во кумановскиот Центар за култура вечерва во 20 часот , концерт ќе одржи сопранот, Марија Муратовска- Наумовска и Елена Атанасовска – Ивановска на пијано.
На програмата ќе бидат изведени дела од Пучини, Лехар, Штолц и други. Марија Муратовска Наумовска е позната македонска сопранистка со меѓународна кариера и има настапувано како солист и во бројни вокално –инструментални дела со повеќе филхармонии и оркестри.
Музичката критика ги истакнува нејзините извонредни гласовни квалитети, музичка култура, музикалност, прекрасна боја на гласот, вокална техника, перфектна изведба, нејзиниот високопрофесионален однос кон негувањето на концерното пеење.
Елена Атанасовска – Ивановска е една од најуспешните и најафирмирани пијанисти во Македонија, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа. Има настапувано на бројни концерти во Македонија и странств и освоено бројни награди и признанија.