Повик од Центарот за вработување од Куманово за активните мерки за вработување и обуки

Од:

Кумановскиот Центар за вработување ги повика невработените лица да аплицираат за повеќе мерки и програми за вработување и едукација, чија цел е успешно интегрирање на активните баратели на работа.

Од Агенцијата за вработување во Куманово посочуваат дека мерките се насочени кон креирање нови работни места, преку субвенционирање на работодавачите, обука за конкретни работни места, познат работодавач, како и кон зголемување на вработливоста на активните баратели на работа преку соодветни обуки.

– Во тек е јавниот повик за обука за основни компјутерски вештини, дигитална писменост тука спаѓаат MS Access, Word, Powerpoint, IN Outlook со која невработените лица ќе се стекнат со сертификат кој ќе ја зголеми нивната вработливост и ќе биде добредојден при изработка на личната биографија при апликација на посакуваното работно место. Во тек се и обуките за странски јазици за еден од трите најчесто користени – англиски, француски и германски. Сакам да ги повикам невработените лица да се пријават за обуките за овие основни вештини, кои ќе ја зголемат нивната вработливост. Во тек е и обуката од областа на информатика, тука спаѓаат официјалната обука за Јава и за тестери за квалитет на софтвер, изјави в.д. раководителот на Центарот за вработување, Марија Димитриевска.

Во тек е и обука од областа на обезбедувањето, со кој сертификат невработените лица ја зголемуваат својата конкурентност на пазарот на трудот, конкретно на локално ниво за Куманово предвидени се обуки за сметководство и за столар.

За столар невработените лица треба да имаат завршено основно образование додека за обука за сметководство минимум средно обраозование. Невработените лица кои ќе ги посетуваат овие обуки ќе добиваат бруто-надомест од 9.000 денари со вклучен перисонален данок и професионално заболување по завршување на обука ќе се стекнат со сертификат.

– Има заинтересираност на активните баратели на работа, да се вклучат во овие обуки имаме околу 50 апликации за странски јазици и дванаесет за компјутерски вештини, има и за напредни ИТ вештини, затоа сакам да ги повикам невработените, обуките ќе се спроведуваат на локално ниво, невработните лица се стекнуваат со можност бесплатно да се здобијат со сертификат кој ќе ја зголеми нивната вработливост, ќе станат поконкуренти на пазарот на трудот, изјави Димитриевска.

Од Агенцијата информираа дека се е активен и јавниот повик за стари занаети, кој е отворен до 20-ти април. Во стари занаети се предвидува обука за ковач, бочвар, стаклар, оџачар, лимар, сликање на стакло, изработка на накит, чевлар, рачно плетење и везење. Како спроведувачи на обуки можат да се пријават одредени занаетчии кои се верифицирани. Тие заедно со обучувачите ќе добијат соодветен надомест.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра