Засадени 16 јавори пред Македонска пошта, Шилегов најави 10.000 дрвја годинава во Скопје

Од:

Во рамки на пролетната акција на Град Скопје за зазеленување на јавните површини, денеска пред објектот на Македонска пошта на булеварот ВМРО, беа засадени шеснаесет јавори.

Со акцијата, како што информираат од Град Скопје, е планирано да се засадат повеќе од 2.000 садници.

Градоначалникот Шилегов, на денешната акција, посочи дека по завршување на пролетната акција, наесен ќе бидат засадени нови 8.000 дрвја, со што Скопје оваа година ќе добие повеќе од 10.000 нови висококвалитетни садници.

– Земавме обврска пред граѓаните да го вратиме загубеното зеленило што претходната власт го уништуваше каде ќе стигне, додека ние се бориме за секој сантиметар слободен простор за ново зеленило. На оваа локација ќе се засадат 16 висококвалитетни јаворови садници, што ќе бидат наводнувани со систем капка по капка. Овој дрворед ќе биде опремен дополнително со 16 подни тротоарски дренажни решетки, изјави Шилегов.

Посочи дека, во 2013 година според истражувањето на состојбата на зеленилото во Мал ринг, зеленилото во овој дел од Скопје било намалено за 50 процени како резултат на градењето врз зелени површини во рамките на проектот „Скопје 2014“.

Шилегов потсети дека дрвјата што ќе ги засадува Град Скопје наскоро ќе ги добијат имињата на новородените деца во градот, како дел од проектот „Дрво за секое дете“ и дека градската администрација ќе продолжи со обновување на загубеното зеленило во сите општини во градот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето