Македонија со три победи се враќа од турнирот во Косово

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години со три победи се враќа од турнирот во Косово кој се одржа викендот.

Селекторот Александар Јованчев е задоволен од прикажаната игра на своите избраници, за кои верува дека ќе бидат максимално подготвени за претстојното Европско првенство (дивизија Б) на кое ќе земат учество.

– Задоволен сум од тимската енергијата ангажираноста и сплотеноста на играчите како и од почитувањето и одговорноста која ја носи националниот дрес. Тоа беше една од нашите примарни цели за која потрошивме многу часови во разговор со репрезентативците. Во последниот период на сите собири ставивме акцент на скок играта која за прв пат во овие две години на последниот турнир беше во наша полза. Турнирите ги завршивме со 10 победи и 2 пораза што би требало да е доволно добар мотив во текот на летото да работиме напорно и спремни да го дочекаме европското првенство Б дивизија, изјави Јованчев за веб страницата на МКФ.

Македонија на турнирот во Косово ја победи домашната селекција со 71:56, Бугарија со 62:54 и Романија со 107:50.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ