В среда пратениците ќе гласаат за доверба на Владата

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поднела иницијативата за изгласување недоверба на Владата до Собранието, потврди координаторот на пратеничката група, Драган Данев.

Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, ги известил пратениците дека во вторник ќе закаже седница за в среда на која ќе биде поставена оваа точка.

Според деловникот на Собранието пратениците гласаат за недоверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба.

Претседателот на Владата пред гласањето има право да му се обрати на Собранието. Со постојниот распоред на политичките сили во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ги нема потребните 61 глас за да ѝ биде изгласана недоверба на Владата.

Деловникот предвидува ако на Владата ѝ биде изгласана недоверба, премиерот до Собранието да поднесе оставка во рок од 24 часа од изгласувањето.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа