Дескоска: Политиката треба да излезе од образованието

Од:

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска изјави вели дека политиката треба да излезе од образованието и дека се обидува да ја афирмира автономијата на Универзитетот.

– Основната цел која ме води мене во ова министерство е дека политиката треба да излезе од образованието. Јас како дел од образовниот систем пред да дојдам на оваа функција, секојдневно ние го чувствувавме политичкиот притисок на Универзитетот. Губењето и газењето на автономијата на Универзитетот беше еден процес којшто имаше длабока политичка заднина. Ние сме се бореле против тоа и сме протестирале и јас сум била дел од тие професори кои го кренале гласот и мислам дека неумесно е против тоа што сте се бореле да го правите истото, вели Дескоска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Истакна дека во своето работење се обидува да ја афирмира автономијата на Универзитетот, слободата на мислата и деполитизацијата на образованието.

За тоа дали ќе се ревидираат учебници по географија и историја во рамки на договорите за добрососедство на Македонија, Дескоска вели дека такви процеси не почнале во Министерството, ниту, пак, некој официјално тоа го побарал од нив.

– Сега главно фокусот ни е на оние учебници, претежно од природните науки, граѓанското образование, оние каде што лесно се забележуваат грешките. Граѓанското образование ни е од посебен фокус од причини што целта ни беше да дадеме еден активистички пристап кон политичките процеси кај учениците, изјави Дескоска во интервјуто за РСЕ.

Вели дека во проверката на учебниците што е во тек, сега веќе и експертски групи прават анализи на одредени учебници по физика, хемија, каде е воочено дека има погрешно презентирани податоци, погрешни формули, физички закони, погрешни преводи…

– Нашата цел е она што е воочено како грешка од самите наставници во основните и во средните училишта сега се дава на проверка на експерти од таа област да биде исправена. Не станува збор за бришење на историја или измена, тоа е апсурдно кој било да помисли тоа да го прави. Ние сакаме да им дадеме на нашите ученици можност да учат од учебници кои не содржат грешки, изјави Дескоска во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат