Честитка по повод Велигден од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

Од:

По повод најголемиот христијански празник Воскресение – Христово Велигден, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, упати честитка до поглаварот на МПЦ – ОА Г.Г. Стефан и до сите православни верници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Сотировски исто така упати честитка и до Претседателот на црковното претставништво на Евангелско-Методистичката црква во Република Македонија, д-р Емил Заев, како и на сите верници на Евангелско – методистичка цркава во Република Македонија.

„Дозволете ми да Ви упатам срдечна честитка по повод нај¬го-ле¬ми¬от и најсветлиот, празникот на неизмерната радост Христовото Воскресение – Велигден. Ви упатувам искрени желби Христовото Воскресение да го дочекате во големо смирение, со срца полни со ра¬дост и воскресенска љубов.

Денот на Воскресението е, да се радуваме во торжеството на праз¬никот и да се прегрнеме еден со друг. На оние кои нè мразат да им речеме: браќа! И да простиме сé заради воскресението, како што стои во пасхалната стихира.

Овие зборови на дело да ги покажуваме целата година која е пред нас, затоа што денес не се потсетуваме и не си спомнуваме са¬мо за историски настан, туку за вечната вистина. Само така вос¬кре¬сението ќе го почувствуваме внатре во нас самите, а истото ќе го почувствува и нашата татковина. Секој од нас е способен за по¬веќе, за подобро за вистинска човечност која на дело треба да се покажува постојано“, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска