Оглас за субвенции за набавка на печки на пелети

Од:

Жителите на Скопје од денеска до 21. следниот месец може да аплицираат за субвенции за набавка на печки на пелети.

Се надоместуваат дел од трошоците за набавка на печка во висина од 70 проценти, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Целта на повикот, што го објави денеска Град Скопје, е да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот.

Повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Огласот ќе трае заклучно со 21. следниот месец или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања