Трамп ја распоредува Националната гарда на границата со Мексико

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба за распоредување припадници на Националата гарда на американско-мексиканската граница со цел спречување илегална имиграција, сметајќи дека ситуацијата е на „критична точка“.

– Безаконието кое продолжува на нашата јужна граница фундаментално е неспоиво со безбедноста, сигурноста и суверенитетот на американскиот народ, наведе Трамп во меморандумот на одлуката.

Тој додава дека неговата администрација „немала друг избор освен да дејствува“.

Соопштението е објавено неколку часа откако Трамп побара “силна акција“ за прашањето за миграцијата и ден откако рече дека ќе ја употреби армијата за обезбедување на јужната американска граница додека долгоочекуваниот ѕид не биде изграден.

Американски медиуми повикувајќи се на неименуван извор, јавуваат дека се очекува распоредување на 300 до 1.200 гардисти. Трошоците би биле од 60 до 120 милиони долари годишно.

На Пентагон најверојатно ќе му треба одобрување од Конгресот за финансирање на операцијата.

Испраќањето на Националната гарда на САД на границата со Мексико, наредба од претседателот Доналд Трамп го засилува притисокот врз Конгресот и врз соседната држава за да се спречи пристигнувањето нелегални мигранти, нагласува Монд.

Трамп искажува веќе три дена незадоволство од слабаа контрола на гранциата со Мексико, наведува Гардијан според кој, претседателот е под притисок на десничарите во САД откако го потпиша буџетот за 1,3 билиони долари во кој 1,6 милијарди се предвидени за изградба на ѕид. Таа сума е многу пониска од желбите на Трамп – 25 милијарди долари.

Тоа не е прв случај во кој САД ја испраќаат армијата на граница, напоменува весникот. Во 2006 година беа распоредени околу 6.000 припадници на армијата за подобрување на безбедноста на набљудувањето.

За две години во операцијата учествувале околу 29.000 воници од Националната гарда и беа изградени над 48 км гранични прегради, над 137 км прегради за преминување на превозни средства како и над 20 км патишта.

Претставници на Пентагон ладно ја примија наредбата.

Весникот Њујорк тајмс наведува дека високи воени претставници одамна се спротиставуваа на испраќање на Националната гарда кон границата.

– Одлуката има значителна цена, изјави Џејмс Ставридис адмирал во оставка командант на силите на САД во Европа и во Латинска Америка. Тој нагласува дека припадниците на Националната гарда ќе пропуштат обука за основната нивна цел – учество во воени дејствија.

Но, идејата не беше отфрлена, и покрај тоа што пред една година портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер нагласи дека тоа не се разгледува, нагласува Њујорк тајмс.

Неколкумина претсавници на Пентагон изразија стравувања за евентуално почнување на конфликт со Мексико, сојузник во моментот на САД кога американбската армија има веќе доволно противници – ИД, Северна Кореја, Русија и Сирија.

Трупање војска на граница со друга држава ќе испрати порака за непријателство и зголемува шанси за предизвикување отворен конфликт, изјавуваат поранешни и сегашни лица од Министерството за одбрана, цитирани од Њујорк тајмс.

– Претседателот ќе сака распоредените војски да се гледаат, смета Дав Закејм, финансиски експерт во Пентагон кој работел во првиот мандат на претседателот Џорџ Буш.

– Но, ако Мексико одговори со распоредување војска од своја тсрана на границата, нештата може многу брзо да се влошат.

– Се што е потребно тогаш е една грешка, вели тој. – Некој истрел. И, што следува?

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија