Во Крушево ќе се подобрува туристичката понуда

Од:

Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот денеска во Крушево одржа едукативна средба со туристичкиот сектор за подобрување на туристичката понуда на градот кој е топ дестинација за авантуристичките спортови и форми на туризам.

Според Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Крушево е туристичка дестинација за сите четири гоишни времиња. Лани се остварени за 10 насто повеќе туристички посети на градот, а понудата може уште повеќе да се подобри.

Агенцијата и оваа година активно го промовира Крушево како топ-дестинација во Македонија за алтернативни форми на туризмот.

– Убедени сме дека Крушево е дестинација за четири сезони: во зима може да се скијате, а во сите четири годишни времиња можете да уживате во се она што го нуди Крушево – авантуристичките форми на туризам. Годинава ќе ја искористиме за подобрување на промоцијата на Крушево, ќе ги зајакниме промотивните капацитети и ќе му помогнеме на туристичкиот сектор да понуди повеќе содржини. Во текот на 2017 година во Крушево имаше зголемен број ноќевања за 10 проценти. Секторот треба редовно да ја плаќа туристичката такса, зашто само на тој начин може да се зголеми развојот, но и понудата на градот. Конкретно, 80 насто од туристичката такса оди во буџетот на општината. Агенцијата со Министерството за економија активно работи за подобрување на законот за туристичка дејност, меѓу кои и комплетното регистрирање на приватниот сектор кој нуди сместувачки капацитети, рече Јаневски.

Според градоначалникот на Крушево Томе Христоски лани имало 39.500 гости-туристи и активно се работи на подобрување на туристичката понуда.

– Активно сме вклучени да ја подобриме туристичката понуда во Крушево преку повеќе сегменти: подигнување на свеста за јавната чистота, едукација на граѓаните кои издаваат легла и на рестораните за подобар приод за привлекување на гостите, поголемо гостопримство, подобрување на инфраструктурата. Крушево дневно располага до 1.200 легла, вели Христоски.

Во Крушево во тек е изработка на туристички портал, на иницијатива на хотелот „Монтана палас“ во кој туристите ќе може да ги најдат сите информации што може да ги добијат за градот како атрактивна туристичка дестинација.

Според Агенцијата, во текот на 2017 година, во Македонија енормно скокна во сегментот на туризмот. Лани имало речиси еден милион посети на туристите со 2,7 милиони остварени ноќевања и тоа е многу повеќе од светскиот просек.

– Според согледувањата од првиот картал годинава, и во 2018 треба да скокнеме во поглед на поголемиот број туристички посети во Македонија, и тоа за 10 до 15 проценти. Очекуваме зголемување на бројот на туристите од Полска, Турција и од регионот, а со зголемувањето на бројот на авионските линии, очекуваме поголем број туристи и од други дестинации. Македонија, во рамките на Европа, се уште е неоткриена туристичка дестинација, вели Јаневски.

Според негхо, чистата средина, екологијата, храната, традиционалното гостопримство на народот се основата која ги привлекува странските туристи кај нас.

– Приматот се уште го имаат Скопскиот и Охридскиот регион, но сега и во наредните години ќе се потрудиме да ги развиеме и другиоте региони, информира првиот човек на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Во Илинденско Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари