ВИДЕО: Наградата „Гласник на невидливите“ за документарецот „Собирачи“

Од:

Тимот на „Види Вака“ ја доби наградата „Гласник на невидливите“ за документарниот филм „Собирачи“.

Оваа награда е благодарност за новинарите кои пишуваат за социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост давајќи им глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за проблемите и се речиси општествено невидливи.

Наградата е организирана за првпат од страна на Македонската платформа против сиромаштија и е дел од проектот „Journalism-prize goes international“ инициран од Австриската платформа против сиромаштијата, а финансиран од ЕРСТЕ Фондација и Европската мрежа против сиромаштија.

Краткиот документарен филм „Собирачи“ ја следи животната приказна на Мифтар Себин од Скопје. Тој има 23 години и со своја количка собира пластика за да ги прехрани трите деца. Филмот прикажува како рециклирањето во Македонија се одвива врз грбот на неформалните собирачи на отпад, а другиот дел го работи бизнис секторот што со тие суровини прави бизнис.

„Види вака“ е медиум за дигиталната генерација и луѓето што се во постојано движење.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска

Документарците на Горан Радовановиќ за Душан Макавеев и Петер Хандке на филмската програма на Кинотека

Снимање на краткиот документарец „Возот кој никогаш не дојде“

Ана Ололовска

Премиера на документарецот „Охридските пливачки легенди“

Ана Ололовска