Општина Ресен домаќин на Европската асоцијација за територијална соработка – Хеликас

Од:

Градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски, заедно со градоначалници од пограничните општини, кои гравитираат до Преспанско Езеро наскоро ќе промовираат заедничка туристичка понуда и документ за афирмација на Преспа како туристичка атракција.

Според градоначалникот Гошаревски, на средбата во Ресен, со претставниците на Европската асоцијација за територијална соработка-Хеликас, се договориле за заедничко аплицирање пред фондовите на ЕУ.

– На средбата, наши гости беа Панајотис Пасхалидис градоначалник на општина Преспа, Лефтерис Топалоглу преставник од општина Кожани, Јанис Анастасиадис консултант од Солун и преставникот на општина Битола, Владимир Костурски. Идејната точка за оваа средба беше со средства од европските фондови, Преспа на туристичката карта да се пропагира како регион без граници, посетителот во овој регион да ужива подеднакво и во убавините на Преспа од македонскиот дел, но и во оној од грчка и албанска страна, истакна Гошаревски.

Пограничните градови наскоро ќе изработатединствена туристичка понуда со што Преспа ќе се афирмира подалеку од границите на матичните држави.

Би можело да ве интересира

Жена со автомобил удрила во метална ограда, со тешки повреди завршила во болница

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

Тепачка во Одделението за урбанизам во општина Ресен, уапсен е насилникот

Силувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му – притвор за жител на Ресен

Анита Петровска Рајковиќ

Татко и син од Ресен завршија во болница спасувајќи ја куќата од пожар

Горан Наумовски

Приведен маж од ресенско, злоупотребил картичка на скопјанка

А1он