Најголемата украинска банка бара 3 милијарди надомест од ревизорот ПвЦ

Од:

Најголемата украинска банка ПриватБанк денеска најави дека поднела тужба против украинската и кипарската филијала на глобалната ревизорска куќа Прајс Вотерхаус Куперс (ПвЦ) вредна три милијарди долари.

Според ПриватБанк, овие компании ги прекршиле правилата за ревизорските услуги што ги пружиле на ПриватБанк во периодот од 2013 до 2015 година. ПриватБанк беше национализирана во 2016 година поради нејзините наводни ризични инвестиции и кусокот од 5,5 милијарди долари на нејзиното салдо. Како резултат на оваа зделка, украински власти веќе му забранија на ПвЦ да дава ревизорски услуги во Украина.

– Банката ПриватБанк смета дека претрпела загуби поради сериозното и долготрајно кршење на правилата од страна на ПвЦ при вршењето на ревизијата на финансиските извештаи на ПриватБанк, информираше банката.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина