На грчко-албанската граница запленети 141 килограми марихуана

Од:

Во заедничка акција на полициите на двете земји, во текот на минатата ноќ на грчко-албанската граница запленети се 141 килограми марихуана и уапсени тројца албански државјани.

По добиените сознанија за обид за шверц на дрога на потегот Чифлиг-Катајето, албанската полиција  добро се организирала, а за тоа ја информирала и грчката погранична полиција, јави дописникот на МИА од Тирана.

По неколку часа потрага албанската полиција ги лоцирала нарко-дилерите кои веќе биле во близина на границата. Кога ја забележале полицијата го напуштиле автомобилот марка „мерцедес“ со кој се движеле и заедно со дрогата успеале да преминат пеш  на грчка територија. Кусо потоа биле уапсени од страна на грчката полиција, која ја запленила дрогата.

Уасени се Лутфим Терполари, Анарилдо Чегени и двајцата од Саранда, како и Зани Чиколари од Корча. Истрагата продолжува, бидејќи полициите се сомневаат на вмешаност и на други лица.

Од почетокот на годинава албанската и грчката полиција имаат запленето околу 1,5 тони марихуана, која требало да заврши на грчкиот нарко пазар.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ