Тачи: Србија „де факто“ и „де јуре“ почна да го признава Косово

Од:

Србија „де факто“ и „де јуре“ почна да ја признава Република Косово. На северот конечно треба да има ред и закон, треба да има суд, да се спроведат слободни избори и авторитетите на Косово функциите да ги имаат на целата територија на земјата. Ова е ставот на косовскиот премиер Хашим Тачи, по постигнатиот договор со Србија за царината, што го смета за уште еден успех на косовската држава.

Тачи, како што пренесува агенцијата Балкан веб, средбата со српскиот премиер Ивица Дачиќ ја оценил како еден добар почеток. Според него, секоја држава има Митровица или проблематичен дел во земјата, но териоријалната целост на Косово е меѓународно призната и загарантирана.

Тој додал дека Резолуцијата на Србија е невалидна за Косово и оти таа е само за внатрешна употреба во оваа земја. Според Тачи, паралелните структури кои извршиле криминални дела ќе бидат протерани, а оние кои извршиле кривични дела ќе бидат казнети. Косово, нагласил тој, влезе во процес на разговори и враќање назад нема.

Зборувајќи околу проблемот со споменикот на ОВПМБ, Тачи изјавил дека верува во умерените и праведни одлуки на албанските лидери од Прешевската Долина.

– Косовската Влада ќе го поддржи унапредувањето на правата на Албанците во тој регион. Сме разговарале со претставниците од Прешевската Долина, Албанците таму да имаат Универзитет, нагласил Тачи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина