Возач загина во возило на Тесла, додека се возел со вклучен авто-пилот

Од:

Во САД, поточно во Калифорнија се случи уште една несреќа со смртни последици во којашто учествуваше возило со авто-пилот. Овојпат се работи за Тесла Модел Икс, кој удрил во бетонската преграда меѓу две ленти од автопат.

Истрагата треба да утврди зошто дошло до несреќата. Настраданиот возач Волтер Вонг (38) бил вработен како инженер во Епл, а незгодата се случила минатата седмица.

„Возачот имал околу пет секунди и 150 метри за да реагира, но податоците од компјутерот покажуваат дека не презел ништо за да го избегне судирот”, соопшти Тесла.

Правилата велат дека, и кога авто-пилотот е вклучен, возачот е должен да ги држи рацете на волан, за да може брзо да реагира во случај на непредвидени околности, односно кога авто-пилотот затаи.

Би можело да ве интересира

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски