Во Гевгелија се обновува хоризонталната сигнализација

Од:

Во Гевгелија денека започна акцијата за обновување на хоризонталната сигнализација на сите градски сообраќајници.

Акцијата прво почна со обнова на сигнализацијата на четирите кружни текови по што ќе следува обнова на хоризонталната сигнализација на улиците, пешачките патеки и паркинг местата, соопштија од општинската информативна служба.

Претходно беше извршена замена на оштетената вертикална сигнализација која ќе биде дополнета откако ќе пристигнат новонабавените сообраќајни знаци, а во текот на викендот заврши асфалтирањето и на дупките и нерамнините на улиците кои останаа како поледица на обилните врнежи.

Деновиве ќе биде направен повторен увид по кој ќе следи корекција на сите направени пропусти, доколку бидат констатирани.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација