А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Влада на РМ: Реформите од Планот 3-6-9 се заокружени во предвидениот рок и ги забрзаа интеграциските процеси

by А1он31/03/2018 - 14:3231/03/2018 - 15:5893
Share0

„Со 17 април, денот на објавувањето на Извештајот на Европската Комисија, се заокружува периодот предвиден за реализацијата на итните реформски проекти на Владата на Република Македонија, Планот 3-6-9, кој беше промовиран на 5 јули 2017 година, само еден месец откако започна со работа актуелниот состав на Владата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Планот 3-6-9 беше проект за враќање на брзата трака на евро-атлантските процеси, за рехабилитација на функциите на институциите после политичката криза и за иницирање и спроведување реформи во клучните области што произлегоа од извештаите на високата екпертска група на Рајнхард Прибе и од заклучоците на прегововорите во Пржино.

Најголем дел од активностите за кои беше надлежна Владата се исполнети.

Останува да заврши собраниската постапка на последните предлози за измени и дополнувања на неколку законски решенија која се очекува да се заокружи до средината на претстојниот месец.

Следете a1on на Youtube YouTube

Клучните реформски приоритети се однесуваа на обезбедувањето услови за функционален демократски парламент; на реформите во правосудството; на реформите во медиумите; на борба против организираниот криминал и корупцијата; на реформите во јавната администрација; на реформите во безбедносните служби; на промените за обезбедување фер и демократски избори според препораките на ОБСЕ/ОДИХР и сите други релевантни меѓународни организации, како и на кохабитацијата со претседателот на државата.

Овој процес резултираше со опоравување на институциите за да бидат во служба на граѓаните, ги забрза интеграциските процеси за Република Македонија во ЕУ и НАТО и овозможува подобар живот за граѓаните.

Придонесот од сите институции и нивоа на власт е клучен за успех на реформите.

Освен насоките што дојдоа од извештаите на високата екпертска група на Рајнхард Прибе и од заклучоците од преговорите во Пржино, реализацијата на Планот 3-6-9 е опфатена и во Програмата за работа на Владата 2017-2020 и ги следеше и: препораките од средбите на високо ниво со претставниците на институциите на ЕУ, насоките од Европската комисија во Итните реформски приоритети (2015), Препораките на групата високи експерти за системските прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (2015), како и низата препораки до Владата од изминатите неколку години од телата на Советот на Европа (Венецијанската комисија, ГРЕКО), препораките на ОБСЕ/ОДИХР, наодите и препораките од годишните Извештаи на Европската комисија, вклучително и од Пристапниот дијалог на високо ниво, заклучоците од министерскиот дијалог за Програмата за економски реформи, заклучоците од редовните состаноци на телата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, документот подготвен од група граѓански организации насловен како „Предлог за Итни демократски реформи“ (Блупринт) и резултатите од консултациите со граѓанското општество.

Во следниот период, веднаш по усвојувањето на последните предложени законски решенија во Собранието на Република Македонија, Владата на РМ ќе направи сумирање на резултатите од овој процес за што јавноста ќе биде детално запознаена“ се вели во соопштението на Владата на Република Македонија.

vlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео