Увозниците на пијалоци запознати со новините од Предлог-законот за акцизи

Од:

Производители и увозници на алкохолни пијалоци во Република Македонија денеска одржаа состанок во Царинската управа со цел запознавање со одредбите од новиот Предлог-закон за акцизи што е во завршна фаза на усогласување.

На средбата, соопшти Царинската управа на РМ, компаниите се запознаа со одредбите што се предлагаат со новиот Предлог закон за акцизи плаќањето на акцизата со поднесување на акцизна декларација по пуштање во промет и новиот начин на управување со акцизните марки, роковите за постапување, како и со промените кои ќе настанат со воведувањето на новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи.

Претставници на компаниите, стои во соопштението, покажаа голем интерес за новините што се предвидуваат со Предлог законот, како и за поедноставување и забрзување на акцизните постапки со примена на новиот систем.

Предлозите дадени од нивна страна ќе бидат разгледани во насока на нивно имплементирање во Предлог Законот или во подзаконските акти што ќе произлезат.

– Царинската управа и натаму ќе продолжи да одржува средби со претставници на компаниите што работат со акцизни добра со цел да ги запознае со новиот Предлог Закон за акцизите и да ги усогласи предложените одредби со предлозите и размислувањата на деловната заедница, после што истиот ќе биде објавен во Единствениот електронски национален регистар на прописи (Портал ЕНЕР) за запознавање на јавноста, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ