Нов „Стенвеј“ за Македонската филхармонија

Од:

Ново концертно пијано од престижната марка „Стенвеј“ ќе добие Македонската филхармонија како донација од една од водечките европски компании во областа на градежништвото „Штрабак“.

Филхармонијата досега поседуваше само едно концертно пијано, исто така од марката „Стенвеј“, кое го доби во 1992 година од тогашното ПТТ Македонија како донација.

Новиот „Стенвеј“ ќе биде презентиран во понеделник.

– Донацијата на концертното пијано е историски чин не само за Македонската филхармонија, туку воопшто, за музичката култура во нашата земја. Немерлив е квалитетот на овој инструмент со останатите, немерлива е разликата во однос на изведбата, особено кога станува збор за изведба на солист со симфониски оркестар. Токму затоа, мошне значаен чекор е што Македонската филхармонија во својот дом ќе поседува инструмент со врвен звук, на кој ќе можат да музицираат светските и македонските пијанистички ѕвезди, велат од Филхармонијата.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска