Центарот за ромска заедница „ДРОМ“ од Куманово денеска го промовираше проектот „Проценка на влијание на регулативата од сенка, врз регулативата од сферата а социјалната заштита“ чија цел е воспоставување на механизам за соработка на локалните невладини организации и институциите од локално и државно ниво во сфера на социјалната заштита.
Проектот се реализира со поддршка на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во соработка со Центарот за економски анализи.
– Активности на проектот ќе бидат анализа на досегашната законска регулатива од сферата на социјалната заштита, ќе следи истражување односно анкетирање во институциите и невладините организации колку тие се запознани со самиот процес, дали учествуваат и како да се вклучат во сферата на социјалната заштита, истакна коориднаторот на проектот Денис Илијевски.
Од ДРОМ информираат дека во рамки на проектот се предвидени и неколку работилници во кои ќе се вклучат членови на институциите и невладините организации. Проектот ќе заврши кон крајот на декември.