Документарен филм за млади музичари од земјите на поранешна Југославија

Од:

Документарен филм „Недовршена симфонија/Регионална детска филхармонија” на авторката Оливера Милош Тодоровиќ ќе биде промовиран денеска напладне во концертната сала на средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј”.

Во филмот учествуваат осумдесет талентирани млади музичари од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и од Словенија.

– Тие ги споија својот талент и посветеност на музиката и овој филм е пример за соработка во регионот. Дали новите генерации го имаат потенцијалот да ги променат стереотипите на нивните родители?, наведува ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” најавувајќи ја премиерата на филмот.

Досега тој е прикажан во Белград и Загреб каде по проекциите имаше дискусија со учество на познати личности. На денешната дискусија во Скопје ќе учествува актерката Јана Стојановска. Влезот на проекцијата е слободен.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска

Документарците на Горан Радовановиќ за Душан Макавеев и Петер Хандке на филмската програма на Кинотека

Снимање на краткиот документарец „Возот кој никогаш не дојде“

Ана Ололовска

Премиера на документарецот „Охридските пливачки легенди“

Ана Ололовска