А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Бошњаковски: Владата засега нема одговор од Москва за протераниот дипломат

by А1он28/03/2018 - 12:10279
Share0

Владата во моментов нема никаков одговор од Москва во врска со тоа дали ќе воведе некакви реципрочни или други мерки, како одговор на одлуката на македонските власти да протерат руски дипломат, поради случајот Скрипал.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Во моментов нема ништо ново, нашата одлука вчера ја објаснија министерот за надворешни работи Никола Димитров и премирот Зоран Заев и сметаме дека се запазени дипломатските процедури и согласно Виенската конвенција е постапено онака како што налагаат законите во Република Македонија, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

МНР во понеделникот објави дека протерува руски дипломат, во консултација со сојузниците од ЕУ и НАТО и во знак на солидарност со Велика Британија поради случајот Скрипал.

Шефот на дипломатијата вчера рече дека дипломатот „излегол од рамката на својот дипломатски мандат“, додека премиерот Заев пак, истакна дека протерувањето на дипломатот не би требало да влијае на односите со Москва. Претседателот Ѓорге Иванов оцени дека одлуката на македонското МНР е избрзана.

Следете a1on на Youtube YouTube
vlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео