Од 25 мај во ЕУ во сила стапуваат дополнителни правила за заштита на личните податоци, соопшти портпарол на Европската комисија, одговарајќи на прашање за „Кембриџ аналитика“.
Портпаролот прецизира дека новите правила нема да можат ретроградно да се применат за случајот „Кембриџ аналитика“.
Новите правила предвидуваат казни за компаниите до четири проценти од нивниот годишен обрт во светски рамки.