БДП со пад од 1,4 насто

Од:

Според последните податоци на Државниот заводот за статистика во првото тромесечје од 2012 година активното население во Република Македонија брои 941.019 лица од кои вработени се 643.668 лица или 68,4 отсто, а 297.351 лица или 31.6 отсто се невработени.

Стапката на активност во овој период е 56,4, стапката на вработеност 38,6, додека стапката на невработеност изнесува 31,6 проценти.

ДЗС објави и дека Бруто домашниот производ во првиот квартал од оваа година бележи негативен раст од 1,4 проценти.

Во првото тримесечје од 2012 е забележан пад во градежништвото од 9,8 отсто, рударството и вадењето на камен, преработувачка индустрија и снабдувањето со електрична енергија, гас и вода од 9,6 отсто и во секторот сообраќај, складирање и врски од 0,1 отсто.

За истиот период, извозот на стоки и на услуги забележа намалување за 3,7 отсто, а увозот на стоки и услуги опадна за 4,6 отсто.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Петрушевски: Народот на минималец, а Слободан Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Филипче: Власта нема желба да ги покачи платите, затоа партиски го напаѓа Синдикатот

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун