Прекин на сообраќајот предизвика одрон од камења и земја кој попладнево паднал врз локалниот пат кон гостиварското село Дуф.
Според информациите на СВР Тетово, одронот паднал на почетокот од исклучувањето од регионалниот пат попладнево околу 17 часот.
Се работи за поголема количина нанос која целосно го блокирала коловозот и оневозможува движење на возила во обата правци.
По пријавувањето за блокираниот пат, известени се надлежни служби кои според најавите, треба да отпочнат со расчистување.