Министрите на Заев исто како нивните претходници-огромни сметки за јадење и пиење по ресторани

Од:

Функционерите на актуелната влада на Република Македонија не изостануваат многу во споредба со претходната гарнитура во поглед на јадењето и пиењето во рестораните.

Тие ја обвинуваа и упатуваа критики до претходната власт за огромните суми кои беа правени во угостителските објекти, особено од страна на МВР, но и сега ситуацијата не е многу по различна.

Управата за безбедност и контраразузнавање која беше посочена како најголем потрошувач во угостителските објекти е заменета со министерството за економија кое за 10 месеци од стартувањето на новата влада има потрошено нешто повеќе од 14 илјади евра за гоштевање во ресторани и останати угостителски објекти.

Според алатката на владата за трошоците на јавните функционери, најголем потрошувач е министерот за економија, Крешник Бектеши, кој од први јуни до сега има потрошено 14 илјади евра во угостителски објекти, од кои 7.300 евра биле во надворешни угостителски објекти во земјава, 5.100 евра биле во мензи и бифеа во рамки на институтициите и 1.500 евра во ресторани во странство.

Втор по висината на трошоците за угостителски услуги е вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, кој за оваа намена од 1 јуни до сега потрошил 13 илјади евра односно.

Веднаш по Османи, на оваа листа е неговиот партиски колега, Биљен Салији, министерот за правда кој минатата недела си поднесе оставка од функцијата. Тој од јуни минатата година, до оставката потрошил 12 илјади евра во угостителски објекти.

Следуваат министерот за култура, Роберт Алаѓозовски кој потрошил 9 илјади евра во угостителски објекти и министерот за земјоделство Љупчо Николовски со 7 илјади евра.

Од министрите во владата најмалку потрошиле министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Нивниот досегашен трошок за угостителски објекти изнесува околу 500 евра.

Изненадувачки е тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров со оглед на министерството со кое раководи каде средбите и патувањата се почести, за 10 месеци потрошил 2.500 евра.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски