На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје денеска се избира најдобриот програмер помеѓу основците и средношколците.
На натпреварот учествуваат најдобрите 100 ученици кои покажале најдобри резултати на регионалните натпревари кои се одржаа на 11 март во три региони: Скопје, Струга и Струмица.
Како коорганизатор и спонзор на натпреварот, Семос Едукација и оваа година ќе придонесе околу наградувањето на учесниците, односно за најдобрите од сите категории ќе додели ваучери за бесплатна обука во Семос Едукација.
Натпреварот е во организација на Здружението на информатичари на Македонија.