Триесет и двегодишен Полјак, од градот Калиш, во централниот дел на земјата покажал голема храброст и присебност кога успеал да запре автобус полн со патници откако возачот добил инфаркт и се онесвестил.
Во знак на благодарност транспортното претпријатие, во чија сопственост бил автобусот на мажот кој бил невработен, му понудило вработување како возач, јави дописникот на МИА.
– Да не беше одлучноста на овој човек, можеше да дојде до голема трагедија. Автобусот полн со луѓе, иако кратко време, се движеше неконтролирано низ улиците на градот, соопшти портпаролот на локалната полиција Себастиан Таранек Бидејќи нововработениот возач ги немал потребните квалификации за вршење на дејност во јавниот превоз, фирмата се понудила да ги плати и потребните курсеви, информираше полската телевизија ТВН 24.