По 22 години од формирањето, општина Росоман доби градежен инжењер, информираше денеска росоманскиот градоначалник Бранко Јанев. Тој соопшти дека во тек е адаптација на соодветен простор во општинската зграда со пари од локалниот буџет, а во иднина росоманци таму ќе можат да се информираат за сите прашања поврзани со надлежностите на локалната самоуправа во овој сектор.
– Инфрструктурните проекти се важен сегмент од работењето на секоја општина. Со самото доаѓање, градежниот инженер заедно со уште едно лице од локалната администрација излегоа на лице место, со цел увид во неопходните градежни зафати на терен, појасни Јанев.
Тој додаде дека претходно, оваа проблематика се регулирала преку меѓуопштинска соработка со Кавадарци.
-Таа соработка продолжува, но сега е подобро бидејќи имаме стручно лице кое постојано ни е на располагање, па одговори на отворените прашања ќе изнаоѓаме за пократок период од порано, нагласи градоначалникот на Росоман.