Фрлени 100 тони сол на градските сообраќајници

Од:

Изминатово деноноќие екипите на зимската служба на Град Скопје интервенираа на градските сообраќајници, каде што фрлија 100 тони сол. Сите градски сообраќајници се чисти и проодни.

Интервенирано е на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот и критичните точки на градските сообраќајници.

И во текот на денешниот ден екипите на зимската служба будно ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат според потребите согласно со условите на теренот.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето