Нова едиција водичи за промоција и поддршка на туризмот во Македонија

Од:

За поквалитетна промоција на туристичките потенцијали на државата, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) објави нова едиција водичи.

Како што информираат од Агенцијата, со новата едиција водичи испечатени во 36.000 тираж, опфатени се регионите, манастирите, препознатливите производи, локалитети, објекти и настани во Македонија и отоманските споменици во Македонија. Иницијално напишани на македонски јазик и преведени на англиски, руски, бугарски, албански, српски и туриски јазик, секој од водичите нуди содржини кои се присутни и карактеристични само за Македонија.

Водичот за манастирите е изработен во џебен формат во 15.000 примероци. Во него опфатени се поважните манастири низ земјава со низа информации за локација, значење, специфики и можности за ноќевање во нив.

Во тираж од 3.000 примероци и преведен на четири јазици е испечатен водичот за отоманските споменици во Македонија, а водичот за препознатливите производи, локалитети, објекти и настани во Македонија нуди богати и прецизни информации за посакуваните дестинации, храна и настани. Неговата содржина е испишана на 180 страни со едноставен наратив кој е поткрепен со уникатни фотографии и конкретни полезни информации.

Тргнувајќи од автентичноста на регионите, АППТ издаде и водич низ регионите на Македонија кој нуди конкретни информации за секој од осумте региони низ земјава. Со тираж од 5.000 примероци, овој водич нуди и конкретни тури за запознавање со некој регионите.

– Едицијата на водичите претставува начин дополнително да се овозможи на тур-операторите и туристичките агенции да креираат нови туристички производи, наведуваат од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ