Норвешкиот фонд гласаше против предлогот Илон Маск да добие 2,6 милијарди долари од Тесла

Од:

Резервниот фонд на норвешката држава, кој управува со трилион долари богатство од продажбата на норвешката нафта, го одби предлогот основачот на компанијата Тесла Илон Маск да добие надомест од 2,6 милијарди долари.

Норвешкиот фонд поседува 0,48 проценти од акциите на Тесла, вредни 252,5 милиони долари. Мнозинството сопственици на акции во Тесла го одобрија барањето на Маск да добие пакет од акции и финансиски надомест вкупно вредни 2,6 милијарди долари.

Норвешката компанија подолго време се залага за намалување на платите кои ги добиваат врвните менаџери во компаниите каде што инвестира, и се претпоставува дека тоа е причината што гласале против пакетот на Маск. Компанијата не даде официјално објаснување за потегот.

Би можело да ве интересира

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани

Норвешка ја призна палестинската држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот