На 20 март година околу 20,00 часот било пријавено дека во с. Маврово, на место викано Казане, бил пронајден починат А.З.(66) од с.Врбјане.
Истиот бил пронајден од страна на Д.Д. (30) и Д.С. (56) двајцата од с.Маврово, со кои А.З. бил договорен да одат на лов. Од страна на лекар била констатирана смрт и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.