А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Владата самоиницијативно ги стави на увид и под лупа трошоците на функционерите

by А1он22/03/2018 - 09:2793
Share0

„Со објавувањето на Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, Владата предводена од СДСМ ја потврдува заложбата за одговорно, домаќинско и транспарентно управување со парите на граѓаните.

Следете a1on на Instagram Instagram

За прв пат во политичката историја на Република Македонија, Владата предводена од СДСМ самоиницијативно и на најотоворен, натранпсарентен начин ги става на увид и под лупа на јавноста трошоците на функционерите.

Преку Алатката, целокупната јавност може да ја забележи разликата помеѓу одговорното и транспарентно управување со финасиите од страна на Владата предводена од СДСМ и расипничкото трошење на парите на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Според јавно објавените резултати, јасно се гледа дека актуелната Влада предводена од СДСМ, во првите шест месеци од своето работење потрошила 21.890.462 денари, односно двојно помалку отколку Владата на Никола Груевски која за првите шест месеци од формирањето, потрошила 44.909.835 денари.

Следете a1on на Youtube YouTube

Никола Груевски како премиер потрошил 5.183.102 денари или за скоро двојно повеќе од тоа што потрошил премиерот Зоран Заев во првите 6 месеци, односно 2.918.531 денар. Ваква, па и поизразена разлика се забележува и кај службените трошоци на останатите носители на јавни функции.

Освен зголемување на транспарентоста, Алатката има за цел да ги држи трошоците на јавните функционери на најниско ниво, да алармира доколку се јават отстапки во трошењата на јавните средства, како и трошењата да се сведат само на продуктивни трошоци што се неопходни за непречено спроведување на работните активности на функционерите и институциите.

Ова е само една од пакетот мерки на една одговорна власт која работи транспарентно и отчетно и во интерес на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски17/08/2026 - 11:3017/08/2026 - 11:30

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

Горан Наумовски17/08/2026 - 10:53

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски17/08/2026 - 08:5117/08/2026 - 10:13

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 13:07

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:31

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Предраг Петровиќ14/08/2026 - 17:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео