Влада на РМ: Се залагаме за реформи во правосудството преку кои се враќаат непристрасноста, независноста и владеењето на правото и правдата

Од:

„Владата на Република Македонија останува на ставот дека судските одлуки се одлуки на правосудните органи како независни институции. Владата на РМ со должно внимание ги зема во предвид пораките од денешниот протест по повод одлуката на Јавното обвинителство во врска со трагичниот случај на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.

Овој став на Владата е во насока на сеопфатните заложби за реформи во правосудниот систем кој треба да ги врати достоинството и довербата во судските институции, и најмногу од сè да ги врати непристрасноста, независноста и владеењето на правото и правдата, во работата и одлуките на сите институции во правосудството.

Истовремено, Владата ги осудува сите изрази на говор на омраза и на радикални постапки, кои се во спротивност со заложбите за едно општество за сите“, се вели во соопштението на Владата на РМ.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски