Град Скопје објави конкурс за најголем придонес за животната средина за 2018

Од:

Во рамки на традиционалната акција „Денови на пролетта – Денови на екологијата“ Град Скопје денеска распиша Јавен конкурс за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во областа на животната средина, за најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција/стопански објект и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта.

Според условите на конкурсот, Градот Скопје ќе избира и најеколошка компанија (фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес кон зачувување на животната средина).

Ќе се избираат и правни или физички лица кои дале најголем придонес во областа на животната средина, односно кои со својата активност и залагање сториле најмногу за зачувување и унапредување на животната средина во градот Скопје, во смисла на заштита на медиумите и областа на животната средина, намалување на користењето необновливи видови енергија…

Натаму ќе се избира најубаво уреден двор – на објект за индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект, најубав состав на тема екологија – за ученици од основните и од средните училишта, како и најубав цртеж на тема екологија – за ученици од основните и од средните училишта, соопшти прес-службата на Град Скопје.

Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица треба да се достават по пошта на адреса Град Скопје – Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар Илинден бр.82 или во архивата на Градот, како и на телефонските броеви: 02/3297-273 и 3297-304.

За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари.

За четвртата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

Разгледувањето на пристигнатите пријави и одбирањето на кандидатите го врши соодветна комисија, која Градот Скопје ја формира од претставници на вработените во секторите на Град Скопје и од невладините организации.

Пријавувањето започнува веднаш и трае до 15 мај 2018 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето