Учениците Сара Цицмиловиќ и Атанас Атанасов од СОУ ,,Јосиф Јосифовски,, од Гевгелија на светскиот поетски празник во Трст, Италија, со збирката песни „Градина на мојата душа“ добија почесно признание во категоријата училишни проекти за ученици до 16 години.
Наградените проекти се избрани во конкуренција на 2.000 пристигнати дела, што му дава уште поголемо значење на успехот што го остварија гимназијалците од Гевгелија под менторство на професорката Жаклина Атанасова и проект координаторот Александра Митровска.
Дел од наградените песни учениците од Гевгелија прочитале на цероминијата за доделување на наградите, а своите поетски творби, заедно со другите учесници, ги презентирале на плоштадот пред градското собрание на Трст.
Општина Гевгелија го овозможи патувањето во Италија на наградениот тим чија што збирка песни веќе е отпечатена на македонски,англиски,италијански и шпански јазик.