Град Скопје ќе го одбележи „Европскиот ден на уметничка креативност“

Од:

Во рамки на активностите на проектот „КРЕАРТ“ – Мрежа на градови за уметничко творештво (CreArt – Network of Cities for Artistic Creation), Градот Скопје организира голем број културни настани за одбележување на 21 Март – „Европскиот ден на уметничка креативност“.

– Станува збор за прв настан што се организира во Скопје во рамките на меѓународниот проект, а вакви настани истовремено ќе се одржуваат и во другите градови коишто се дел од оваа мрежа, соопштуваат од Град Скопје.

Првиот настан ќе се одржи вечер во Салон 2 во Музеј на град Скопје, каде што ќе биде отворена изложбата на дела од девет млади уметници насловена „Портали“.

Во сабота и недела во Салон 2 во Музеј на град Скопје ќе се одржат отворени студија и едукативни работилници насловени како „Re TEX“, на коишто ќе учествуваат студенти од факултетите за редизајн на мебел со рециклирани материјали.

Во недела во Салон 2 во Музеј на град Скопје ќе се одржи и едукативна работилница за деца со рециклирање материјали (во соработка со ОУ „Максимилијан“.

На 28 март 2 ќе се одржи отворена дебата на млади ликовни уметници со галеристи насловена како „ArtTalk“.

– Одбележувањето на Европскиот ден на уметничка креативност ќе заврши на 2 април 2018 година (понеделник), со изложба на плакати од графичките дизајнерки Маријана Иванова и Симона Трипкова со наслов „Калеидоскоп“ во 19 часот во кафе бар „Љубов“ во ТЦ Порта Буњаковец, информираат од Град Скопје.

Скопје од 2017 година стана партнер во Креарт – Мрежа на градови за уметничко творештво- што претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на потребите што ги споделуваат европските културни институции и уметници.

Со приклучување кон мрежата на градови „КРЕАРТ“, Град Скопје внесува иницијативи во културниот живот во Скопје во полето на визуелните уметности преку воспоставување нови меѓународни партнерства и размени, а истовремено им овозможува учество на уметниците и кураторите од Скопје во програмските активности кои се оддржуваат во градовите-партнери во проектот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето