ВИДЕО: Се урива објектот на „ТЦЦ Плаза“ кај плоштадот ВМРО

Од:

Се урива дел од објектот на „ТЦЦ Плаза“ кај плоштадот ВМРО во центарот на Скопје. Од утринава се работело на фасадата на објектот со градежна механизација, на што реагирале станарите од околните згради, кои пријавиле во Градежниот инспекторат.

Од Град Скопје за „Макфакс“ велат дека фасадата на „ТЦЦ Плаза“ е градежен проект на приватен инвеститор и за неговата реализација надлежен е градежниот инспекторат на Општина Центар.

Од Општина Центар информираат дека градежен инспектор излегол на терен и констатирал дека инвеститорот почнал со постапка на уривање, иако за тоа нема одобрение, ниту, пак, доставил барање до Општината да му се одобри уривањето.

„Денеска е издадена усна наредба за прекин на постапката на уривање бидејќи нема обезбедено мерки за заштита при уривање“, велат од Општина Центар.

На терен сè уште можеше да се забележи оставената градежна механизација и големата дупка на фасадата која останала да зјае од едната страна на објектот, зад заштитаната ограда, до катната гаража „Тодор Александров“.

Од Општина Центар немаат информација дали ќе се урива фасадата или целиот објект, но велат дека инвеститорот сакал да прави измени на објектот. Обид за уривање имало и пред еден месец, но и тогаш Инспекторатот издал наредба да прекине постапката.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот