Османи-Задорожњук: Постои потенцијал за унапредување на соработката меѓу Македонија и Украина

Од:

Односите помеѓу Македонија и Украина се исклучително добри, двете земји една во друга гледаат искрен пријател и имаат заеднички евроатлантски аспирации, се согласиле на денешната средба заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи со амбасадорката на Украина во Република Македонија, Наталија Задорожњук.

Како што соопшти СЕП, во однос на европските перспективи, Османи потенцираше дека Владата останува посветена на ЕУ агендата и дека напорно работи на реформите, се со цел искористување на новиот позитивен бран во ЕУ во корист на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан.

– Во насока на позитивните меѓусебни односи, Османи истакна дека Македонија ѝ стои на располагање на Украина за споделување на нашето долгогодишно искуство во Процесот на стабилизација и асоцијација, стои во соопштението.

За време на разговорот во просториите на Секретаријатот за европски прашања, соговорниците заеднички се заложија за унапредување, пред се, на економската соработка, трговската размена и обемот на инвестиции, имајќи предвид дека сегашната размена е далеку од потенцијалите за економска соработка на двете земји, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски